Затоа што..
1) Шехерезад користи gmail.
2) Онур е огледало за идеален маж кај жените и е новиот модерен Чак Норис.
“Oнур неможе да умре” – Керем
“Кога ќе го слушнам твоето име можам да убијам” – Oнур во разговор со Шехерезад.
3) Говорот е синхронизиран на Македонски, нема подобра комедија од тоа.
4) Културата и стереотипите ни се премногу блиски, сеуште постојат кај нас и се карактеристични за нашите простори. (500 години под турско, не е за занемарување)
“Несмееш да земеш вдовица со дете, ти си Онур Аксал” – Фериде
Same example goes for Jansel.
5) Има премногу реални lame ситуации од денешното Македонско секојдневие.
Типичен пример – Гани. Ги троши парите од господин Бурхан на жени и покер, лажејќи дека оди на курс/факултет. Во исто време е lamer, и е познат *компјутерџија* и интернет корисник, кој сепак не го владее добро англискиот.
Исто така, Гани стави слободен софтвер во фирмата на Господин Бурхан, со што ја избегнаа високата казна од инспекторите. Нешто премногу блиско за нашите простори, погоден е и тајмингот.
6) И покрај глупостите и забегувањата, сепак целата серија е добар пример за секаков вид на публика. Дозволува гледачот сам да согледа и пресуди што е добро, а што лошо, што е реално а што не.
7) Квалитетот на кадрите. За разлика од досегашните сапуници, се гледа дека е посветено посебно внимание, и професионално е вклопена сликата, звукот и времето. Серијата исто така изобилува со убави места кај што се пие кафе/чај и истите се убаво вметнати во дејствието.
8) За разлика од другите серии, каде што ликовите се манекени кои одат во теретана секој ден, тука се *нормални* луѓе од реалното секојдневие. Дури и Шехерезад, која важи за топ цура на серијата, не е нешто посебно (but I’d still hit it)
9) Законот во серијата многу добро функционира. Може да се каже дека тука бегам од реалноста..
10) Нема што друго да се прави во 8 навечер ако си single :)




Апсолутно те разбирам , и моите мотиви се вртат тука некаде.
се согласувам дури и би додал, можеш да не ја гледаш ако толку сакаш да правиш нешто друго во моментот twitter, facebook, вечера..но, сепак можеш да ја слушаш (колку и да е лоша синхронизацијата), најдобра е од сите до сега направени на македонски. (погледни и слушни го г-дин Бурхан)
се согласувам со точката кадри, мадри дури и јас го користам како еден од моите подобри ставови зошто ја “слушам” Шеќерезад. снимено е со професионална опрема, од професионален тим на директори на фотографија, стилисти и сл. за разлика од таа на сител која нема никаква фотографија, и како да е снимена со home cam. џабе на набилданите од погоре и моментот со too much make up.
препорачливо новата индиска серија :)